Потпишан Меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија од регионот

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Генералниот директор на АД МЕПСО,г. Zuhdi Enuz, директорот на МЕМО, Симон Шутиновски и претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски заедно со претставниците на преносните оператори, берзите на електрична енергија и регулаторните тела од Албанија, Косово и Грција, денеска во Атина потпишаа меморандум за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија- ден однапред . Потпишувањето на овој Меморандум е еден дел од процесот на кој темелно и безрезервно работат сите балкански земји, рече на денешниот настан директорот Enuz.

Процесот на спојување на пазарите на електрична енергија во единствен европски пазар на електрична енергија е моќна алатка за подобрување на ликвидноста на пазарот, обезбедува стабилност на мрежата, интегрирање на обновливите извори на енергија, зголемена транспарентност и конкуренцијата, а од сето тоа корист ќе имаат и потрошувачите и стопанството и сите учесници на пазарот, бидејки се создава подинамичен и поефикасен пазар на електрична енергија, додаде тој.

Спојувањето во единствен пазар на електрична енергија воведува нова ера на енергетска соработка, која ветува значителни предности за Северна Македонија, Албанија, Косово и Грција и тоа во делот на подобрување на енергетската безбедност и интегрирање на нови извори на енергија а потрошувачите ќе добијат конкурентни и пониски цени на електрична енергија.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.