Согласно лиценцата издадена од Регулаторната комисијата за енергетика во АД МЕПСО е основана подружница Оператор на преносна мрежа (ОПМ). Оваа подружница е најголема целина по обем на работа и број на вработени во составот на АД МЕПСО.
ОПМ се грижи за оперативноста и функционалноста на 2300 км. далекуводи со над 7040 столбови, на напонско ниво од 35, 110, 220 и 400kV. Се грижи за пет трансформаторски станици со девет инсталирани трансформатори со вкупно 3000 МVA на 400 kV напонско ниво и уште 52 трафостаници за кои се грижи на 110kV напонско ниво.
Организациската поставеност на подружница ОПМ се состои од кабинет на директор, пет оддели, служба за возила и одделение за БЗР
Одделот Далекуводи е одговорен за функционалноста на преносната мрежа во Македонија. Оваа организациона единица одржува 2300 километри далекуводна преносна мрежа со која оперира АД МЕПСО. За реализација на овие надлежности одделот е организиран во две служби и едно одделение. Екипите се составени од стручни лица оспособени квалитетно да ја одржуваат далекуводната мрежа.
Одделот за далекуводи е составен од:
- Одделение за подготовка на далекуводи
Активностите на ова одделение се поврзани со :
- проекти финансирани од EIB, EBRD, Светска банка и сопствено учество на АД МЕПСО;
- обезбедување на имотни листови и подготовка на документација за добивање на одобренија за употреба за нови објекти;
- подготовка на тендерска документација и евалуација на понуди;