Секторот за правни и општи работи:
- ги организира и координира правните и општите работи
- предлага поведување постапка за донесување акти, односно измени и дополнувања на постојните акти, во согласност со законските прописи;
- ја следи организацијата во Друштвото и дава предлози за подобрување на работењето;
- врши застапување на Друштвото пред судовите и другите органи и им дава правна помош на подружниците и секторите на Друштвото;
- врши решавање на имотно правните односи во конкретни постапки и евидентирање на недвижностите во државните институции
- изготвува предлози на акти;
- изготвува договори и дава мислења по примени понуди и договори од правен аспект;
- ги утврдува кадровските потреби, организира стручно усовршување и обуки на кадрите и организира повремена проверка на стручната оспособеност на работниците за обавување за вршење одредени работи;
- му дава стручна помош на второстепениот орган, во остварувањето на правата од работниот однос;
- ги врши административно-стручните и административно техничките работи во врска здраственото осигурување и пријавување/одјавување на вработени во Друштвото;
- организира навремено доставување на материјалите за состаноците на Управниот одбор, Надзорниот одбор и другите органи, се грижи за нивниот квалитет и усогласеност со законот и актите на Друштвото во соработка со службата за органи на управување во кабинетот на генералниот директор;
- се грижи за работната дисциплина во секторот;
- организира и обезбедува редовно, навремено, целосно и според содржината и обликот, достапно известување и информирање;
- го организира и следи остварувањето и функционирањето на обезбедувањето и безбедноста при работа во Друштвото;
- соработува со организации и институции кои се занимаваат со проблематика од делокругот на работата на секторот;
- соработува со научни институции и експерти од областа на правото;
- соработува со соодветни сектори за правни работи во други електроенергетски компании.
- Извршува и други задачи од делокругот на своето работење.
- Врши и други работи по овластување на Управниот одбор
Сектор за правни и општи работи е организиран во следните организациони облици
Кабинет на директорот на Сектор за правни и општи работи
- Директор
Оддел за правни работи
Оддел за имотно правни работи
Оддел за човечки ресурси
Оддел за општи работи