Секторот за финансиски работи:
- го организира и координира финансиското и комерцијалното работење;
- ја дефинира и спроведува финансиската политика на Друштвото;
- изготвува методологија за финансиско планирање;
- изработува финансиски планови на Друштвото и го прати нивното извршување;
- го следи остварувањето на планот за инвестиции и планот за набавка на материјали, резервни делови, услуги и др.
- го координира начинот и постапката за поднесување на барање за одобрување и контрола на цените;
- ја спроведува политиката за плати преку следење на сите законски прописи и правила;
- го следи, анализира и контролира целокупното финансиско работење;
- ги формулира и спроведува сметководствените политики;
- изготвува периодични и годишни сметки;
- ја организира и обезбедува книговодствената евиденција на друштвото, согласно меѓународните стандарди за финансиското известување (ИФРС);
- обезбедува извори на финансирање за работењето;
- спроведува политика на планирање на финансиските средства преку заеднички вложување со други Друштва, кредитирање и друго;
- ја организира работата со сите меѓународни и домашни финансиски институции;
- го организира и координира работењето со паричните средства, хартиите од вредност и девизните средства;
- ја спроведува даночната политика на друштвото, согласно законските прописи;
- го осигурува имотот на Друштвото од ризици и опасности;
- организира стручни состаноци со секторите и подружниците, од областа на финансиското работење;
- соработува со меѓународни и домашни институции и организации кои се занимаваат со делокругот на работата на секторот;
- се грижи за работната дисциплина во секторот;
- ги организира и координира работите во соодветните оддели и служби во друштвото;
- организира и спроведува рекламни кампањи, и подготвува маркетиншки материјали за едукација и информирање;
- изготвува информации од работата на секторот, дава насоки и предлози за изработка на соодветни планови од областа на комерцијалното работење, врши анализа на проблематика од таа област;
- се грижи за примена на законските прописи и акти за целокупното комерцијално работење;
- соработува со организации и институции кои се занимаваат со проблематика од делокругот на работата на Секторот;
- го координира изготвувањето и го предлага донесувањето на Годишниот План за јавни набавки на ниво на Друштвото;
- објавува јавни повици и организира тендерски постапки;
- врши јавни набавки на работи, стоки и услуги за потребите на Друштвото;
- ги координира активностите на останатите организациони делови на АД МЕПСО Скопје, во поглед на спроведувањето на јавните набавки;
- комуницира со државни органи заради соодветна примена и почитување и спроведување на Законската регулатива;
- изготвува разни извештаи прегледи и анализи од областа на комерцијалното работење;
- врши активности поврзани со увоз на стока, опрема и услуги за потребите на Друштвото,
- врши прием преглед обработка комплетирање и проследување на пристигнатите фактури;
- учествува во вршењето на интерни контроли во Друштвото од доменот на комерцијалното работење и спроведувањето на Законот за јавни набавки;
- до соодветните државни органи, агенции, комисии и други тела, дава свои предлози, сугестии и мислења при изготвувањето на соодветна законска и подзаконска регулатива;
- учествува во подготовката на соодветни акти на Друштвото и воедно се грижи за спроведување на актите на Друштвото;
- извршува и други задачи од делокругот на своето работење;
- врши и други работи по овластување на Управниот одбор.
Сектор за финансиски работи е организиран во следните организациони облици
Кабинет на директорот на Сектор за финансиски работи
- Директор
Оддел за финансиски работи
Оддел за комерцијални работи
Оддел за сметководство