Мисијата на АД МЕПСО е да обезбеди редовен пренос на електрична енергија од домашните производствени капацитети или од увоз до сите клиенти. АД МЕПСО постојано врши оптимизација на своите капацитети и ресурси со што ќе го обезбеди врвниот јавен интерес.

Мисија и Визија

МИСИЈА

Нашата мисија е обезбедување сигурен пренос на електрична енергија, ефикасно управување со електропреносниот систем и целосно интегрирање во единствениот европски пазар на електрична енерегија, со цел задоволување на потребите од електрична енергија на сите корисници респектирајќи ги високите стандарди за заштита на животната средина.

ВИЗИЈА

Визијата на АД МЕПСО е да го управува електропреносниот систем на Република Северна Македонија обезбедувајќи преносни услуги на исто ниво со најголемите и најнапредните систем оператори во Европа со примена на модерни енергетски решенија, технолошки иновации и деловни модели при тоа фокусирајќи се на идните трендови за интеграција на големи капацитети на обновливи извори на енергија- ОИЕ.

АД МЕПСО стратешки планира и реализира инвестиции во својата електропреносна мрежа во насока на зголемување и подобрување на доверливоста и оперативноста на електропреносниот систем и обезбедување на што е можно поголема интеграција на ОИЕ со што ќе се приклучи на една од најприоротетните цели – carbon free Europe.

АД МЕПСО сите свои активности ги насочува кон обезбедување на современите потреби на корисниците на електроенергетскиот систем со висок степен на општествена одговорност.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.