АД МЕПСО на одбележување на јубилејот 30 години ЕКЦ Србија

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Заменик ген.дир. Никола Рилак заедно со директорите Гоце Михајловки и Љупчо Зиков, главниот диспечер во АД МЕПСО Борко Алексоски и службеникот за усогласеност Саша Максимовски, присуствуваа на годишнината од формирањето на Електроенергетскиот координационен центар, Србија. EKЦ е компанија основана од АД МЕПСО, ЦГЕС, Елетромрежа Србије и Електропривреда од Република Српска која на земјите од регионот на ЈИЕ, Европа, Блиски Исток и Централна Азија, им нуди консултантски и инженеринг услуги во областа на електроенергетските системи, преносните и дистрибутивните мрежи, производство и пазар на електрична енергија.

АД МЕПСО со години има одлична соработка со ЕКЦ во делот на примена на најсовремени модели и решенија за паметни мрежи, мрежни правила, аукции за преносни капацитети, правила за пазар на електрична енергија, бројни студии за изводливост и др.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.