Стратегија за реконструкција / ревитализација на преносна мрежа
Стратегија за реконструкција/ревитализација на преносна мрежа
МЕПСО во септември 2019 година изработи Стратегија за реконструкција/ревитализација на преносна мрежа. Имајќи предвид дека поголем број од водовите во македонската преносна мрежа се изградени пред 40-50 години може да се очекува дека по 2020-та година голем број водови ќе бидат кандидати за реконструкција/ревитализација . При тоа, освен староста на водовите, при изборот на редоследот за зафати на водовите треба да се води сметка и за нивното значење за сигурноста во работата на преносната мрежа. Следователно, во оваа Стратегија фокусот беше насочен на два клучни фактори и тоа:
Значи, распоредот на зафати на водовите во периодите 2025-2030, 2030-2035 и 2035-2040 е направен со уважување на особеностите на состојбата на водовите, како и нивното системско значење. Дополнително се уважени препораките што произлегуваат од веќе изработените развојни планови и студии во МЕПСО. Исто така, предвид беше и географската поврзаност на водовите.
Иако просечната старост на водовите е релативно голема и изнесува 42 години, скоро 2/3 од нив имаат натпросечно добра оценка за состојбата што е показател дека се добро одржувани. Вкупните инвестиции за трите периоди изнесуваат 47.5 милиони евра, додека вкупната должина на сите водови предложени за зафат изнесува околу 560 km. Средната вредност на инвестициите изнесува 15.8 милиони евра, а средната вредност на должините изнесува 187.5 km. Инвестициите и должините на водовите се рамномерно распоредени по периоди, во интервалот од ±10% од средната вредност.

- изработка на база на податоци со информации за состојбата на функционалните компоненти на преносните водови од каде произлезе оценка за состојбата и ургентноста за зафати на одделни водови, со што се доби приоритетна листа на зафати.
- дефинирање на методологија во која преку оптимизациска постапка се креира распоред на зафати распределени во карактеристични периоди (2025-2030, 2030-2035 и 2035-2040 година), при што се водеше сметка за што е можно порамномерен распоред на зафатите со уважување на сите сигурносни критериуми за работа на преносната мрежа.
Значи, распоредот на зафати на водовите во периодите 2025-2030, 2030-2035 и 2035-2040 е направен со уважување на особеностите на состојбата на водовите, како и нивното системско значење. Дополнително се уважени препораките што произлегуваат од веќе изработените развојни планови и студии во МЕПСО. Исто така, предвид беше и географската поврзаност на водовите.
Иако просечната старост на водовите е релативно голема и изнесува 42 години, скоро 2/3 од нив имаат натпросечно добра оценка за состојбата што е показател дека се добро одржувани. Вкупните инвестиции за трите периоди изнесуваат 47.5 милиони евра, додека вкупната должина на сите водови предложени за зафат изнесува околу 560 km. Средната вредност на инвестициите изнесува 15.8 милиони евра, а средната вредност на должините изнесува 187.5 km. Инвестициите и должините на водовите се рамномерно распоредени по периоди, во интервалот од ±10% од средната вредност.
План за развој на електропреносниот систем 2020 - 2029
План за развој на електропреносниот систем 2021 - 2030
План за развој на електропреносниот систем 2022 - 2031
План за развој на електропреносниот систем 2023 - 2032
Долгорочни прогнози за потребите на електрична енергија и моќност - 2019
Долгорочни прогнози за потребите на електрична енергија и моќност - 2020
Долгорочни прогнози за потребите на електрична енергија и моќност - 2021
Долгорочни прогнози за потребите на електрична енергија и моќност - 2022
Студија во рамки на WBIF грантот
Студија за автоматизирано управување со потрошувачка
Зајакнување на преносната мрежа во Југоисточниот дел
Димензионирање на системските резерви во македонскиот систем за сценарија со големи капацитети од ОИЕ