Годишен состанок на електропреносните систем оператори кои се дел од проектот Balkan Digital Highway

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Проектот Balkan Digital Highway на едно место ги собра сите електропреносни систем оператори од Балканот. На состанокот кој се одржа во Приштина , Косово се разговараше за степенот на имплементација и бројните можности кои ги нуди овој проект во делот на подобра поврзаност на земјите од Западен Балкан на национално и регионално ниво. Меѓу комерцијалните и социјалните придобивки што ги овозможува Balkan Digital Highway е секако и зголемен пристап до интернет за сите граѓани преку воспоставување на регионална инфраструктура за широкопојасен интернет преку преносните мрежи на државните преносни оператори.

Balkan Digital Highway е проект поддржан од Светска Банка и финансиран од WBIF кој се очекува да го отвори патот за првата заедничка соработка за дигитално поврзување меѓу Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.

Во состав на делегацијата од АД МЕПСО, на овој годишен состанок присуствуваа претседателот и членовите на Управниот одбор, и проект менаџерот Јасмина Кецап Спасовска.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.