За нас

АД МЕПСО е компанија во целосна државна сопственост, која е формирана во 2005 година со трансформацијата на Електростопанство на Македонија. Основна дејност на АД МЕПСО е сигурен и доверлив пренос на електрична енергија, ефикасно управување со електропреносниот систем кој е интерконективно поврзан со електропреносните системи од Европа, оптимален и одржлив развој  на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците со минимални трошоци и секако со задоволување на еколошките барања во државата.

Двете клучни функции на АД МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. АД МЕПСО е одговорен за:

- развој и одржување на електропреносната мрежа;

- обезбедување на приклучок на корисниците на преносната мрежа;

- управување на електропреносниот систем во услови на интерконективна поврзаност со други електропреносни системи како  и дистрибутивните системи од нашата држава;

- обезбедување на системски услуги со кои ќе се овозможи балансирање на сиостемот на јавен и транспарентен начин.

За својата работа АД МЕПСО наплаќа тарифа за пренос на електрична енергија која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика врз основа на трошоците на АД МЕПСО. Нашата компанија функционира на регулиран пазар и врши јавен сервис за граѓаните и за македонската економија.

АД МЕПСО управува со високонапонската далекуводна мрежа и трафостаниците на 400 kV и 110 kV напонско ниво. АД МЕПСО оперира со: далекуводи со вкупна должина од 2300 километри, во која се вмрежени 52 трансформаторски станици.

Структурално АД МЕПСО е организиран во Дирекција, две подружници и три сектори.

Подружница ОЕПС – Оператор на електропреносени систем има задача да го управува системот со цел да се обезбеди редовна испорака на електричната енергија со соодветен квалитет до корисниците на електропреносната мрежа.

Подружница ОПМ – Операторот на преносна мрежа има задача да се грижи за далекуводите, трансформаторските станици и другите постројки да бидат во беспрекорна состојба која овозможува редовeн и навремен ток на електричната енергија.

За логистичка поддршка на двете подружници во структурата на АД МЕПСО фукционираат и Секторот за Информатичка технологија и за Телекомуникации, Секторот за правни и општи работи и Секторот за финансиски работи.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.