Законот за енергетика (“Службен весник на РМ“ бр.96/18) во членот 73 го обврзува Операторот на електропреносниот систем, независно од организационата форма, да донесе Програма за усогласеност со која се утврдуваат мерките кои треба да придонесат да се оневозможи дискриминација на корисниците на електропреносниот систем, да се утврдат обврските на вработените во спроведувањето на Програмата и да се утврди начинот на следење на спроведувањето на истата.
Со оваа Програма за усогласеност се утврдуваат мерки со кои се исклучува можноста на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, МЕПСО-Скопје за дискриминаторно однесување кон корисници на електропреносниот систем по било кој основ, се дефинираат обврските на вработените во реализацијата на Програмата и се утврдува начинот за следење на усогласеноста на работењето на АД МЕПСО - Скопје во однос на обврските за сопственичко раздвојување и други обврски утврдени со Законот за енергетика и оваа Програма.
Целта на оваа Програма е да се обезбеди транспарентно и објективно постапување на АД МЕПСО - Скопје кон корисниците на електропреносниот систем.
Програмата за Усогласеност може да ја првземете овде.
Англиска верзија на Програмата за усогласеност е достапна на следниот линк.
Реализацијата на оваа Програма ја следи Службеник за усогласеност во согласност со Законот за енергетика и Статутот на АД МЕПСО - Скопје.
Доколку сакате да пријавите повреда на одредбите на Програмата за усогласеност, или било какви неправилности во работењето на вработените во АД МЕПСО со обид за коруптивно однесување, користете го следниот ФОРМУЛАР