Оператор на електропреносен систем во структурата на МЕПСО е систематизиран како подружница чија основна функција и обврска е оперативно управување со националниот електропреносен систем.
Оваа функција ОЕПС ја врши преку Одделот за управување и со користење на уредите и опремата за оперативно управување. За логистиката, одржувањето и за развојот на управувањето со електроенергетскиот систем се грижи Одделот за техничка информатика.
Оддел за управување со ЕЕС
СЛУЖБАТА ЗА ОПЕРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ ги извршува следните активности:
- Собирање и архивирање на податоци неопходни за планирање и анализа на работата на електропреносниот систем (ЕПС), изработка на извештаи за работата на ЕПС;
- Регулација на фреквенција и размена на моќност (употреба на секундарна регулација, ангажирање на терциерна регулација, активирање на резервна моќност во случај на хаварии или поголеми отстапување при снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија) и регулација на напонот;
- Следење на работата на ЕПС ( фреквенција, грешка на регулационата област, напон, токовите на активна и реактивна енергија);
- Организирање на ремонтни активности и активности за одржување на преносната мрежа (одобрување на интервентни активности, отворање и затворање на дозволи за работа, манипулации за промена на вклопната состојба со елементите од преносната мрежа;
- Пуштање во погон на новоизградените или реконструктираните електроенергетски објекти директно приклучени на преносната мрежа со која оперира МЕПСО;
- Оперативни активности: измени на Дневните планови за работа на ЕПС, промена на планот на ангажирање на производните единици, ре-диспечинг, анализа на сигурност на работата на ЕЕС согласно со критериумот “N-1”;
- Превзема мерки, во случај на пореметување, за повторно воспоставување на нормални услови на работа на ЕЕС;
- Утврдува приоритети при изведување на активности во преносната мрежа;
- Анализа на сигурност на преносниот систем за предложениот план за ангажирање на производните капацитети;
Оддел за техничка информатика
Службата за SCADA/EMS е надлежна за функционирање на техничкиот систем за контрола и управување со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Доменот на активностите ги опфаќа аквизицијата, обработката и презентацијата на податоците потребни за управување во реално и проширено реално време. Во доменот на оваа служба е и обезбедување на оперативноста на целокупниот технички систем за управување со електроенергетските објекти и електропреносната мрежа на Република Северна Македонија.