• Со новата опрема за телекомуникации и видео надзор на трафостаниците, започнува дигитализацијата на преносната мрежа
  • Со новата опрема за телекомуникации и видео надзор на трафостаниците, започнува дигитализацијата на преносната мрежа
  • Со новата опрема за телекомуникации и видео надзор на трафостаниците, започнува дигитализацијата на преносната мрежа
  • Со новата опрема за телекомуникации и видео надзор на трафостаниците, започнува дигитализацијата на преносната мрежа

Со новата опрема за телекомуникации и видео надзор на трафостаниците, започнува дигитализацијата на преносната мрежа

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Новата опрема за телекомуникации и далечински мониторинг е од исклучителна важност за целиот електропреносен систем во државата бидејќи со неа се обезбедува брз, стабилен и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и минимизирање на ризикот од каков било прекин во случај на хаварии или лоши временски услови. Во услови кога државата се соочува со енергетска криза која на светско и континентално ниво предизвикува проблеми доминантни во функционирањето на енергетските компании, МЕПСО рече генералниот директор Орхан Муртезани, со сопствени сили, со поддршка од ЕБОР и во координација со Владата, успева технички да ја надоградува својата мрежа и да ја обезбеди својата круцијална улога во енергетскиот сектор во државата,

Со цел да го унапредиме  технолошкиот суверенитет на АД МЕПСО во енергетиката, се одлучивме за оваа сериозна инвестиција чии технички специфики во иднина ќе бидат во полза на енергетскиот но и за телекомуникацискиот систем во државата. Со ова решение АД МЕПСО го започнува процесот на дигитализација на преносната мрежа, потенцира Муртезани.

Техничките перформанси на опремата која се користи од 2004 година веќе не нудат опција соодветна на дејноста, бидејќи старата опрема нема поддршка од производителот и не се произведуваат резервни делови. Новото решение рече Муртезани, е темел за добивање на real-time” податоци за SCADA системот. Со оваа најмодерна технологија додаде тој, ќе се постигне домаќинско и ефикасно искористување на оптичките влакна интегрирани во заштитните јажиња на далекуводите и ќе се обезбеди шифрирање и комплетна заштита на информацијата која ќе се транспортира.

Новата опрема чини 4,9 милиони евра од кои 2,9 милиони се средства од ЕБОР а останатите се средства на АД МЕПСО.

Ова е дел од проектот финансиран од страна на ЕБОР во вредност од 25 мил.евра а се состои од рехабилитација на пет трафостаници и седум 110 kV далекуводи низ земјата. МЕПСО има директна поддршка за зајакнување на капацитетот на преносната мрежа за приклучување на повеќе ОИЕ и намалување на фосилните горива  при процес на производство.Зајакнувањето на преносната мрежа за приклучување на повеќе соларни електрани и ветерници ќе бидат клучни за енергетската транзиција и енергетска безбедност рече во своето обраќање претставникот на ЕБОР, г-н Анди Аранитаси.

Инвестирањето во нова опрема во време на криза е од особено значење за сигурен пренос на електрична енергија за граѓаните и компаниите но и за реализација на големите проекти во секторот енергетика, рече премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски.

Овие инвестиции се влог во трајни добра, кои на среден и долг рок ќе придонесат за зголемување на нивото на енергетска независност. Оваа Влада како ниедна до сега вложува во енергетиката и во проекти кои ќе носат само бенефит. Посветени сме на енергетската транзиција на земјата, затоа што знаеме дека тоа е иднината и за енергетска независност, но и за заштита на животната околина, дециден е Ковачевски.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.