Во септември АД МЕПСО направи заштеда на електрична енергија од 25,12% во однос на август

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Штедењето ја прави разликата. Направените анализи на потрошувачката на електрична енергија во Управната зграда на АД МЕПСО покажуваат дека во септемрви била потрошена за 25,12 % помалку електрична енергија во однос на август.

Со рационално користење на електричната енергија, во септември 2022 е направена заштеда на потрошувачката од 17,57 %  во однос на септември 2021 година.

Заштедите во потрошувачката што ќе ги направи секој граѓанин, компанија и институција, се придонес кон стабилен енергетски систем и доверливо снабдување со електрична енергија.

Во услови кога недостигот на енергенси е глобален проблем, апелираме сите да бидеме внимателни и свесни дека во периодот што доаѓа треба уште повеќе да ги зголемиме напорите за штедење на електрична енергија и да ги следиме препораките за штедење каде и да сме.

АД МЕПСО е првата компанија која започна со имплементација на заштеда на електрична енергија како мерка за ублажување на енергетската криза. Спроведовме редица мерки кои не го нарушуваат процесот на работа и истите ќе продолжиме да ги применуваме и во текот на зимскиот период. Нашите вработени даваат значителен придонес во остварените заштеди.Ги гаснат сијалиците кога има доволно дневна светлина, компјутерите се исклучени кога не се работи со нив, наместо лифтови се користат скали а греењето на просториите е на 20 степени. Ова се дел од мерките со кои Управната зграда на компанијата оствари 17, 57 % заштеда на електричната енергија. 

Големите промени започнуваат од нас самите, затоа штедете електрична енергија за да имаме утре!


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.