Со првиот премин преку автопатот Скопје-Гостивар се интензивираат активностите за завршување на проектот со кој се врши замена на стариот еднсистемски со двосистемски 110 kV далекувод на потегот ХЕЦ Вруток -Тетово. Овој проект дава големи придобивки за преносната мрежа и зголемена доверливост во снабдувањето со електрична енергија во полошкиот регион. Во таа насока е фактот што со реконфигурација на мрежата, покрај постоечките четири 110 kV врски, со завршување на градежните работи ќе се добијат и две нови, со што значително ќе се подобрат конекциите помеѓу трафостаниците од овој регион.
Продолжува интензивната градба на 110 kV далекувод од ХЕЦ Вруток до Тетово
- Посети: 1181