Дигитализацијата е неминовен процес во работењето на компаниите со критична инфраструктура. Комуникацијата мора да се одвива непречено, брзо и безбедно. Затоа АД МЕПСО континуирано работи на подобрување на процедурите и процесите и нивна дигитализација. Воведовме современо веб базирано решение за дигитално потпишување на документи. Системот овозможува дигитализација и автоматизација на процесите и документите, нивно електронско потпишување и креирање на електронски документи. Дополнително се дава можност за дефинирање на едноставни и комплексни сценарија и темплејти за потпис со бројни корисници. Решението освен за интерно користење може да се користи и за потпишување на документи со надворешни соработници, добавувачи и клиенти.
Дигитализацијата носи бројни придобивки. Меѓу другото овозможува:
-Побрза реализација на задачите
-Намалување на трошоците за печатење на документи
-Зголемување на продуктивноста и доверливоста на целиот процес
Продуцирањето на потпишани електронски документи е во согласност со меѓународните стандарди како и со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги на РСМ.