horizon.jpg

Хоризонт 2020 е најголемата програма за истражување и иновации на Европска Унија досега со средства на располагање во износ од скоро 80 ​​милијарди евра за, период од 7 години (2014 до 2020 година) – што се смета дека ќе привлечат и дополнителни приватни инвестиции. Програмата ветува повеќе достигнувања, откритија и преземање одлични, нови идеи од лабораторијата и нивно спроведување на пазарот. Програмата е средство за поттикнување на економскиот раст и создавање работни места, имајќи ја политичката поддршка на европските лидери и членовите на Европскиот Парламент.

Хоризонт 2020 придонесува да се спојат истражувањето и иновациите ставајќи акцент на научно-истражувачката дејност, индустриско лидерство и во справувањето со општествените предизвици. Целта на оваа европска програмата е да го потпомогне отстранувањето на бариерите за иновации и да им ја олесни соработката на јавниот и приватниот сектор при испораката на иновации со што ќе допринесе за развој на светската наука.

Програмата е од отворен карактер и нуди едноставна структура што ја крати бирократска процедура и времето потребно за учесниците да можат да се фокусираат на она што е навистина важно. Со ваков пристап се обезбедува брз стартап на нови проекти и побрзо постигнување резултати.

crossbow.png
CROSSBOW (CROSS BOrder management of variable renewable energies and storage units enabling a transnational Wholesale market) е проект за управување со прекуграничните варијабилни текови на моќност со цел развој на транс-национален пазар на електрична енергија.

Главни цели на проектот се :

  • Подобрено управување со прекуграничните текови на моќност.
  • Примена на енергетски складиштa (storage) за обезбедување на системски услуги.
  • Подобрена примена на телекомуникациска и информатичка опрема за опсервабилност на системот и профилирање на товарот на дистрибутивно ниво.
  • Развој на транс-национален пазари на електрична енергија со интегрирање на обновливи извори на електрична енергија, ОИЕ.

Проектот е финансиран од развојниот фонд на Европската Комисија Horizon 2020.
Партнерите во конзорциумот на CROSSBOW проектот се 24 компании од 13 држави. Во конзорциумот учествуваат сите преносни систем оператори од регионот на ЈИЕ.
Од Северна Македонија, покрај МЕПСО, учествуваат ЕСМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

    

trinity.png
TRINITY (TRansmission system enhancement of regIoNal borders by means of IntellIgenT market technology) е проект за развој на решенија за подобрување на соработката на преносните систем оператори на Балканот и поддршка на интеграцијата на пазарите на електрична енергија, промовирајќи повисока пенетрација на чисти видови енергија.

Главни цели на проектот се :
  • Нови координативни механизми за пресметка на потрошувачка и размена на електрична енергија.
  • Напредно искористување на обновливи извори на енергија.
  • Спојување на пазарите на електрична енергија.
Продукти на проектот се:
  • T-MARKET COUPLING FRAMEWORK – алатка за унапредување и интеграција на пазарот на електрична енергија во ЈИЕ.
  • T-SENTINEL TOOLSET – регионално управување со системот во однос на сигурна и доверлива работа. 
  • T-RES CONTROL CENTER – центар за оптимизација и управување со ОИЕ на регионално ниво.
  • T-COORDINATION PLATFORM – информатичка платформа за комуникација меѓу преносни систем оператори / производители од ОИЕ / регионални сигурносни центри.
 
Проектот е финансиран од развојниот фонд на Европската Комисија
Horizon 2020. Партнери во конзорциумот на TRINITY проектот се 19 компании. Во конзорциумот учествуваат сите преносни систем оператори од регионот на ЈИЕ. Од Северна Македонија, покрај МЕПСО, учествува и Техничкиот факултет од Битола (ТФБ).
 

    


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.