Со успешно завршената монтажа и ставање под напон, новиот трансформатор во ТС Дуброво од денеска е пуштен во пробна работа. Овој значаен чекор е резултат на посветената работа на стручниот тим на подружницата ОПМ на АД МЕПСО, кој проектот го реализираше според планираната динамика и според сите технички стандарди, од транспорт и монтажа, до тестирање и вклучување на трансформаторот.
Денешното ставање во пробна работа на новиот трансформатор означува нова фаза во развојот на преносната инфраструктура особено во услови на зголемена потрошувачка на електрична енергија и се поголема потреба за интеграција на обновливи извори на енергија ( ОИЕ)
Клучни придобивки од инвестицијата:
Подобрување на напонските прилики во регионот
Поголема стабилност и флексибилност на преносната мрежа
Поддршка за развој на нови капацитети од ОИЕ
Квалитетно и континуирано снабдување со електрична енергија за домаќинствата и стопанството
ТС Дуброво е еден од клучните енергетски јазли во земјата. Со новиот трансформатор, постројката добива значително зголемена сигурност и доверливост, што ја прави подготвена за идните предизвици, поголем економски раст и развој, транзиција кон зелена енергија, регионална поврзаност и подобар животен стандард.
Пробната работа е дел од стандардната процедура при пуштање на вакви електроенергетски уреди и истата трае еден месец по што и официјално влегува како интегриран елемент во електроенергетскиот систем.
АД МЕПСО успешно го пушти во пробна работа новиот 400/110 kV трансформатор во ТС Дуброво со моќност од 300 MVA
- Посети: 105