• АД МЕПСО донира ехо апарат за гинеколошката болница “Мајка Тереза”

АД МЕПСО донира ехо апарат за гинеколошката болница “Мајка Тереза”

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Во духот на општествената одговорност и грижата за пациентите, АД МЕПСО донираше 2.767.500 денари на ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза” во скопската општина Чаир. Со овие средства, раководството на болницата набави модерен ехо апарат со цел подобрување на здравствените услуги преку обезбедување на брза и точна дијагностика кај бремените жени и пациентки со гинеколошки проблеми.

Одлуката за донација ја донесовме во духот на нашата заложба за инвестирање во здравството и поддршка на граѓаните, и претставува конкретна акција која ја отсликува нашата посветеност кон општеството, рече генералниот директор на АД МЕПСО доц. д-р Бурим Љатифи при денешната посета на болницата. “За нас,  додаде тој, општествената одговорност не е само даден збор на хартија  туку конкретна акција која го прави  животот подобар за сите”.

Продолжуваме да инвестираме и помагаме во здравството, да даваме поддршка и да се грижиме за здравјето на секоја жена,  за секој нов живот!

© 2025 МЕПСО. Сите права се задржани.