СООПШТЕНИЕ

Рејтинг на корисник: 2 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
По последниот испад кој без напојување го остави Блок 1 во РЕК Битола а за кој прстот на одговорност овој Kомбинат веднаш и неосновано го впери кон АД МЕПСО, нашата компанија одлучи да излезе со соопштение со прецизен и објективен приказ на настаната ситуација.
Денеска, дождот и ветерот во Битола предизвикаа краток испад на 110 kV далекувод ТС Битола 2- ТС Битола 4, но посочуваме дека овој испад не е причина за прекин во нормалното напојување на Блок 1 од РЕК Битола.
Далекуводот кој со електрична енергија го напојува овој блок, за цело време е под напон
и на него нема никаков проблем со напојувањето.
Оттука, ваквиот чекор да се префрли одговорноста за испадот во РЕК Битола врз АД МЕПСО, во најмала рака го сметаме како неоправдан и тенденциозен но пред се како обид за прикривање на нивни интерни проблеми.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.