• АД МЕПСО и ЕБОР потпишаа договор за заем за зајакнување на преносната мрежа

АД МЕПСО и ЕБОР потпишаа договор за заем за зајакнување на преносната мрежа

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 
Генералниот директор на АД МЕПСО,г. Зуди Енуз, заедно со претседателката на Европска Банка за обнова и развој г-ѓа Одил Рено Басо, денеска во Владата потпишаа договор за заем во висина од 26,4 милиони евра.

Целта на проектот е зајакнување на преносната мрежа во југоисточниот дел на државата и интеграција на обновливите извори на енергијата во националниот преносен енергетски систем. Средствата од заемот ќе се искористат за изградба на нова 400/110 кV трансформаторска станица во близина на селото Милетково, Гевгелија, нејзино поврзување со постојниот 400кV далекувод ТС Дуброво- ТС Солун, како и реконструкција и надградба на преносниот капацитет на постојниот 110кV далекувод ТС Валандово- ТС Струмица 2- ТС Струмица 1. На овој начин ќе се овозможи приклучување на потенцијални  1,2 GW од обновливи извори и ќе се зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија во овој регион на државата.

Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра. Освен заемот од ЕБОР, обезбедени се уште 7,6 милиони евра грант од од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан ( WBIF) и грант од половина милион евра од Климатскиот инвестициски фонд ( CIF). На потпишувањето на договорот присуствуваа и евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика Сања Божиновска.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.