• Годишен Извештај на Европската енергетска заедница
  • Годишен Извештај на Европската енергетска заедница

Годишен Извештај на Европската енергетска заедница

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Македонскиот енергетски сектор бележи подобрување, но треба уште многу да се работи. Европската енергетска заедница ја презентираше оваа оценка во Годишниот извештај за 2023 г. поткрепувајќи ја со поединечни анализи за степенот на спроведени активности во сите сектори од енергетиката.

Највисоки оценки и напредок има во полето на електрична енергија каде исполнувањето на обврските е оценето со високи 87 %.  Делот на сопственичко раздвојување и сертификација на АД МЕПСО оценето со максимални 100%, а 93% се дадени во делот на либерализација на пазарот на електрична енергија.

Како особено важни активности во Извештајот се потенцирани оние кои се однесуваат на Пазарот на електрична енергија за тргување ден однапред, воспоставен во мај 2023 г. од страна на националниот оператор МЕМО. Токму тоа се посочува како клучна активност  и важна придобивка која влијае на високата вкупна оценка за успешност во Извештајот ЕЕЗ за 2023 година.

Во делот на регионалната интеграција земјава има 50 % успешност кое како што е наведено, меѓу другото се должи на доцнење во изградбата на далекуводот за енергетското поврзување со Република Албанија.Се наведува и потребата од усвојување на законот за ОИЕ и измените во законот за енергетска ефикасност кои би допринеле во процесот на спроведување на активностите и обврските во делот на декарбонизација на енергетскиот сектор во земјава, а особено е нагласена потребата од спроведување на активности во делот на безбедноста во снабдувањето со електрична енергија.

Во Извештајот се наведува дека сеуште не е донесен законот за безбедност на мрежи и информациски системи, но и дека се подготвува национална стратегија 2023-2027 во насока на подобрување на капацитетите за безбедност и отпорност на критичната информациска инфраструктура, меѓународна соработка и растечките ризици. Од документот на ЕЕЗ  генерално може да се заклучи дека има соодветен напредок во енергетскиот сектор во кој МЕПСО има една од позначајните улоги особено во делот на регионалното енергетско поврзување и соработката со соседните оператори на преносните системи, но дека треба уште многу да се работи кон целосна енергетска интеграција со европскиот пазар на електрична енергија.


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.