Дежурните далекуводни екипи на АД МЕПСО, во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови работат на терен и ја следат ситуацијата со огнената стихија која го зафати потегот од Пепелиште кон село Лакавица, каде што транзитираат 400kV далекувод ТС Дуброво - ТС Штип 1 и 110kV далекувод ТС Дуброво - ТС Бучим.
Според одлуката и препораките на Владата за кризната состојба поради пожарите во траење од 30 дена, екипите на АД МЕПСО, своите тековни теренски активности ќе ги насочат кон превентивно и активно учесто во следење на состојбите со пожарите во близина на далеководните траси.