Со голема тага известуваме дека на ден 06.04.2023 година ненадејно почина г-дин Трајче Черепналковски, првиот генерален директор на АД МЕПСО од неговото основање.
Черепналковски ја извршуваше функцијата генерален директор на АД МЕПСО од самото основање на компанијата во 2005 година, а предходно во АД Електростопанство на Македонија го водеше Секторот за развој и инвестиции.
Благодарение на богатото искуство, Черепналковски несебично го споделуваше своето знаење и со својот врвен професионализам и енергија ја водеше компанијата низ сите предизвици во текот на процесот на нејзиното основање и градење, поставувајќи ги темелите на компанијата која денес е препознатлива и успешна во енергетскиот сектор во регионот и пошироко.
Трајче Черепналковски во АД МЕПСО ќе биде запаметен како голем визионер, професионалец и непосреден директор. Тој со својата харизма, одмереност и широко познавање на дејноста на АД МЕПСО беше пример за интелектуалец со визија за начинот и патот по кој треба да се движи компанијата. Со својот ведар дух беше омилен меѓу колегите, голем пријател и секогаш подготвен да помогне на секого.
Погребот ќе се изврши на ден 08.04.2023 година (сабота). Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на градските гробишта Бутел, Скопје од 12-13 ч.
Вечна му слава!