Генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани и првиот човек на ЗИП Институот од Скопје, Агим Селами, денеска потпишаа договор за спонзорство на Македонскиот енергетски форум 2023.
Овој реномиран енергетски форум веќе неколку години на едно место ги собира најеминентните стручни луѓе од земјава и странство, високи институционални претставници и други клучни чинители во енергетскиот сектор, кои разменуваат свои мислења и искуства во однос на актуелните предизвици во енергетиката и импликациите врз регионалните токови со особен акцент на енергетската транзиција, зголемување на домашното прозводство на електрична енергија од обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и предизвиците на земјите од регионот во приклучувањето кон глобалните трендови.
Македонскиот енергетски форум организиран по иницијатива на Владата, Делегацијата на ЕУ и големите енергетски компании, оваа година ќе се одржи на 30 и 31 мај во Скопје.