АД МЕПСО и хрватската компанија Кончар–Апарати (Koncar – Switchgear Ltd.) денеска попишаа договор за набавка на 120 разделувачи на 110 кV напонско ниво,
со кои ќе се зголеми доверливоста и сигурноста на преносната мрежа. Новите разделувачи ќе ги заменат старите кои се произведени пред три децении
а ќе бидат монтирани на повеќе трафостаници низ земјава и тоа во ТС Битола 1, ТС Битола 3, ТС Битола 4, ТС Бучим, ТС радовиш, ТС Струмица 2, ТС Скопје 3,
ТС Ѓорче Петров, ТС Крива Паланка, ТС Македонска Каменица, ТС Куманово 2 и во ТС Кочани.
Меѓународниот тендер за набавка на овој вид опрема беше распишан минатата година и на него понуда доставија шест компании од странство.
Како најповолна беше избрана понудата на компанијата Кончар- Апарати со вредност од 1.032.621 евра.