Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија. Уште вчера АД МЕПСО ги отстрани сите дефекти во преносната мрежа која е во надлежност на националниот оператор, жителите на сите градови имаат непречено снабдување со електрична енергија, а сите напојни точки од кои електричната енергија ја презема АД ЕВН се под напон.
Стручните екипи на АД МЕПСО вчера работеа на тешко пристапен терен и лоши временски услови, ги отсранија сите проблеми кои доведоа до испад на два 110 кV далековода со што се обезбеди континуирано напојување со електрична енергија.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел од земајата беше регистриран вчера во 11,35 часот.