Врз основа на член 19 од Статутот на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, (Сл. весник на Р.М. бр. 215/2019), а во врска со член 78, став (2) од Законот за енергетика на Република Македонија („Службен Весник на Република Македонија“ бр.96/2018), Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа одобрени со Решение на РКЕВУ бр. 12-3381/2 од 18.11.2018 година и член 23, став 1, точка 10 од Законот за јавни набавки (Сл весник бр.24/2019), АД МЕПСО објавува:
ЈАВНА ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЈП-02/2021
Почитувани,
Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем АД МЕПСО спроведува постапка за доделување на договор за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа за октомври и ноември 2021 година со јавен повик за поднесување понуди со објавување оглас број. ЈП – 02/2021 согласно Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреноснaта мрежа, одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за обезбедување на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа за октомври и ноември 2021 година, најдоцна до 07.09.2021 во 11.00 часот (по локално време) по пошта на долу наведената адреса или лично со поднесување во архивата на АД МЕПСО.
На веб-страницата на АД МЕПСО - www.mepso.mk, ќе биде објавена и документацијата за јавниот повик која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Документацијта се состои од следните делови: инструкции за понудувачите, технички спецификации, модел на договор и образец на понудата.
Понудувачите, комплетна Документација и ПАКЕТ на Документи за апликација, можат да ја подигнат во просториите на АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, Скопје, кат III, соба бр. B6 од 11:30 до 14:30 часот, или на нивно барање може да им се достави по пошта, при што треба да приложат доказ за извршена уплата во висина од 50,00 Евра на сметка:
|
250010100845336 - Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје или |
210059337810365 - Тутунска Банка Скопје или | |
200001086598648 - Стопанска Банка Скопје или | |
320000000076830 - Централна Кооперативна Банка Скопје | |
|
IBAN: MK 07250901000383085, |
SWIFT: INSBMK22; Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, | |
|
1470100038307 |
со назнака на уплатата: за Јавна покана бр. ЈП-02/2021
Адреса: ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Република Северна Македонија,
Контакт лице: Ненад Јовановски, тел: ++ 389 75 437 427,
електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ,
Отварањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 07.09.2021 година во 11.00 часот (по локално време) во просториите на АД МЕПСО на ул. Максим Горки бр.4 Скопје Република Северна Македонија.
АД МЕПСО – Скопје |