Голем интерес покажаа и многу прашања поставија четвртооделенците од ОУ „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром при нивната дводневна работна посета на АД МЕПСО.
Педесетина ученички и ученици со нивните наставнички во две групи во два последователни дена го посетија Националниот диспечерски центар и им беа одржани кратки презентации прилагодени за нивната возраст за значењето, позицијата и надлежностите на АД МЕПСО во националниот електроенергетски систем.
Учениците покажаа солидни предзнаења за значењето и користењето на електричната енергија кои ги акумулираат на темата за истражување „Човекот ја создава, трансформира и употребува енергијата на различни начини“.
ООУ „Браќа Миладиновци“ е единственото основно училиште во нашата земја кое работи по меѓународната наставна програма IB World School , Primary Years Programme (PYP).