КОНКУРС за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на Универзитет “Гоце Делчев”Штип

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје (скратено: АД МЕПСО), со седиште на ул.„Максим Горки“ бр.4, 1 000 Скопје постапувајќи по Одлуката на Управниот одбор на Друштвото УО бр. 02-7599/4 од 14.12.2023 година, во согласност со Меморандумот за соработка, склучен помеѓу АД МЕПСО Скопје и Универзитетот “Гоце Делчев”Штип бр.03-2627 од 26.04.2023 година, на ден ------.2024 година распишува:

К О Н К У Р С
за доделување на 3 (три) стипендии за студенти на Универзитет “Гоце Делчев”Штип

Право на учество на конкурсот имаат само редовни студенти на Универзитетот “Гоце Делчев” Штип кои за првпат се запишани во 3-ти или 5-ти семестар во академската 2023/2024 година, кои ги исполнуваат следните критериуми:

студентот да е редовен студент запишан за прв пат, на прв циклус студии, во
3-ти или 5-ти семестар на Електротехнички факултет при Универзитет “Гоце Делчев” Штип, во студиската 2023/2024 годинa, на некоја од следните насоки

- Електроенергетика и обновливи извори на енергија,
- Автоматика и системско инженерство,
- Мехатроника и роботика,
- Електроенергетика и обновливи извори на енергија.

просечната оценка на студентот до датумот на аплицирање да не е помала од 8.0
(осум);
студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа,
институција или компанија;
да е државјанин на Република Северна Македонија.

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од
3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД МЕПСО Скопје и 1 (еден) член
од Електротехнички факултет при Универзитет “Гоце Делчев” Штип.

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе
биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на
аплицирање, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното
интервју, кое ќе го врши Комисијата за стипендирање согласно следната методологија:

максимум освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до
датумот на аплицирање, најмногу 70 поени;
резултати од реализираното интервју, најмногу 30 поени.

Вкупниот износ на годишната стипендија изнесува 80.000,00 денари, и се состои од две полугодишни исплати од по 40.000 (четриесет илјади) денари. Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

Секој кандидат своерачно потполнува и потпишува пријава во која треба да бидат содржани неговите генералии: име, презиме, адреса на живеење и контакт телефон.

Заедно со пријавата за докажување дека ги исполнува условите од огласот секој кандидат треба да достави и:
Копија од документ за лична идентификација,
CV мотивациско писмо;
Уверение за положени испити во кое ќе се утврди просек од 8,00 па нагоре издадено од Електротехнички факултет при Универзитет “Гоце Делчев” Штип;
Потврда издадена од Универзитет “Гоце Делчев” Штип дека кандидатот е запишан во 3-ти или 5-ти семестар на Електротехнички факултет при Универзитет „ Гоце Делчев “ – Штип, во студиската 2023/2024 година;
Своерачно потпишана Изјава дека се откажува од друга стипендија доколку добие стипендија од АД МЕПСО;

Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од сметано од денот на објавувањето на огласот.

Кандидатите горенаведената документација можат да ја достават во архивата на МЕПСО или да ја испратат со препорачана поштенска пратка на адреса: АД МЕПСО во државна сопственост Скопје, ул.Максим Горки бр.4, 1 000 Скопје.

АД МЕПСО во државна сопственост Скопје
Генерален Директор
Zuhdi Enuz

ДН:
- Кабинет на Генерален директор
- Оддел за правни работи
- Архива


© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.