АД МЕПСО ги исполнува своите ветувања, средствата од заштедената електрична енергија во септември и октомври ги донира таму каде што се најпотребни, кај граѓаните.
Првата донација од 10 000 евра компанијата ја додели на Клиничката болница во Тетово. Вчера генералниот директор Орхан Муртезани и директорот на тетовската клиничка болницата Амир Елези, потпишаа договор за донацијата. Според зборовите на Елези, овие пари се добредојдени во оваа енергетска криза а истите рече тој, ќе ги бидат искористени за подмирување на сметките што болницата ги има за електрична енергија.
АД МЕПСО е општествено одговорна компанија која и во време на енергетска криза наоѓа начин да им помага на тие на кои тоа им е најпотребно. Ваквата пракса компанијата ќе ја продолжи и во иднина односно сите заштеди во потрошувачка на електрична енергија што ќе ги направи во месеците што следат, ќе бидат искористени за хуманитарни цели.
Споредбената анализа за потрошувачката на електрична енергија во октомври 2022 и октомври 2021, покажува дека во Управната зграда на АД МЕПСО е остварена заштеда од 22,12 %.
Со рационално користење на електричната енергија во септември АД МЕПСО направи заштеда во потрошувачката од 17,57 % во однос на истиот период лани.
Големите промени започнуваат од нас самите, затоа штедиме за да имаме сите!