Услови за аплицирање на конкурсот за стипендија се:
- Студентите да се редовно запишани на прв циклус студии по првпат во прв или трет семестар во учебната 2021/2022 година на една од следните студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ).
- Студентот кој аплицира за стипендија да не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.
- Просекот на студентот до датумот на аплицирање да е 8,00 или повисок од 8,00
- Студентот да е државјанин на РСМ.
Потребни документи за апликација:
- Потврда за редовно запишан студент и уверение за реализиран просек и реализирани кредити (до датумот на аплицирање).
- Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.
- Соодветно потполнета апликација, мотивациско писмо, копија од диплома за завршено средно образование, копии од дипломи за посета на курсеви, потврда за работен однос и плата на солидарниот гарант.
Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и важи за една студиска година (10 месеци) со можност за продолжување или прекинување во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање. Студентот е потребно студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8,00. Во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија.
Сите потребни документи треба да се достават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Рокот за поднесување документи е до 7.10.2022 година.