• Пуштено под напон 400 kV далеководно поле од ТС Скопје 4 кон ТС Скопје 5

Пуштено под напон 400 kV далеководно поле од ТС Скопје 4 кон ТС Скопје 5

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
По три месеци работа на терен заврши дел од проектот за Ревитализација и модернизација на опремата во трансформаторската станица Скопје 4.Променета е високонапонска опрема на 400 кV далеководно поле кое води кон трансформаторската станица Скопје 5.Поставени се нови разделувачи, потпорни изолатори и струјни мерни трансформатори  и елементи од секундарната опрема што подразбира најмодерна опрема за далечинско управување SCADA и нова генерација нумерички заштитни релеи. Демонтирани се и старите носачи на опрема, изработени се нови темели и монтирани се нови челични носачи на опрема.

Од оваа трансформаторска станица со електрична енергија се напојуваат потрошувачите од скопскиот регион како домаќинства и компании, индустриската зона Бураџик, аеродромот...Реализацијата на проектот ќе овозможи зголемена сигурност на потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа во скопското конзумно подрачје, помалку испади и помалку средства за одржување.

Проектот е поддржан од ЕБОР во вредност од 4,9 милиони евра, изведувач е хрватски “Кончар- КЕТ ”а како подизведувачи работат и македонски компании. Активностите за целосна рехабилитација на ТС Скопје 4, треба да финишираат до крајот на оваа година.

© 2024 МЕПСО. Сите права се задржани.