Согласно Законот за енергетика и Правилата за балансирање на ЕЕС, ОЕПС е одговорен за набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет и енергија од Даватели на услуги за балансирање со цел да обезбеди оперативна сигурност, одржување на фреквенцијата и напонската стабилност на системот.
Согласно постапката, дефинирана во Правилата за набавка на aFRR балансен капацитет и енергија и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, ОЕПС на 14.12.2020 (понеделник) одржа годишна аукција за aFRR балансен капацитет. На оваа аукција не се пријави ниту еден давател на балансни услуги. Оттогаш, АД МЕПСО воведува дополнителни месечни аукции за набавка на aFRR балансен капацитет за секој месец од 2021 година, со цел обезбедување системски услуги за задржување на сигурноста на системот. Количините за набавка остануваат како што се објавени на web страната на АД МЕПСО во делот на Пазар на балансна ЕЕ, за секој месец соодветно.
Согласно постапката, дефинирана во Правилата за набавка на aFRR балансен капацитет и енергија и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и енергија, ОЕПС на 17.05.2021 (понеделник) ќе одржи:
- Месечна аукција на aFRR балансен капацитет за месец јуни 2021 година
- Месечна аукција на mFRR балансен капацитет за месец јуни 2021 година
Поради технички проблеми, ОЕПС ќе ги спроведе месечните аукции согласно Член 12 став (4) од Правилата за балансирање. Сите даватели кои ќе учестуваат на аукцијата се должни на 17.05.2021 година, точно во 14:00 да ги пратат понудите на e-mail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. На сите даватели на балансни услуги по email ќе им биде испратен урнек за месечните аукции за набавка на aFRR и mFRR балансен капацитет за месец јуни.
GOT (Gate opening time) – 14:00 h
GCT (Gate closure time) – 14:00 h