Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околни населени места.
Имено, тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток - ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10:35 часот.
Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија.
Невремето го прекина снабдувањето со електрична енергија во Дебар и околни населени места
- Посети: 1895