Важен ден за МЕПСО. Започнуваат подготвителните активности за изградбата на еден од двата највредни енергетски објекти во инвестициската програма на МЕПСО : 400/110 kV трансформаторска станица кај Охрид.
Денеска на теле-конференциска видео врска, заради состојбата со KOVID 19, се одржа првичниот состанок (kick – off meeting) меѓу работниот тим на АД МЕПСО од една страна и претставници на изведувачот Кончар КЕТ, консултантот JV decon international GmbH/CONSULECTRA Unternehmensberatung GmbH/VEVE Group како и претставници на НИПАК и WBIF.
Проект од круцијално значење за доверливо снабдување со квалитетна електрична енергија на југозападниот дел од Македонија за идните триесетина години!