Privacy Policy

Заштитата и обработката на личните податоци при посетата на корисникот на оваа веб- страна  се регулирани согласно Законот за заштита на личните податоци.

Податоците кои се собираат се неопходни за остварување на нашите законски обврски и овластувања, а обработката е обезбедена преку законитост, правичност и транспарентност, вклучувајќи заштита од неовластен или незаконски пристап и споделување со трети правни или физички лица.

Корисниците се должни внимателно да ја прочитаат оваа Политика за приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информациите што ги собира Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, Скопје (во натамошниот текст: АД МЕПСО во државна сопственост Скопје) .

Со пристапот или користењето на оваа веб-страница, корисникот потврдува дека е согласен со условите и начинот на користење на Политиката за приватност.

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ

Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа веб-страница, од него ќе бидат побарани одредени лични податоци.

Корисникот кој нема да ги достави податоците задолжителни за одредена активност која се побарува, нема да може да ја користи оваа веб–страница.

Со самото прифаќање на веб-страницата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработка на неговите лични податоци.

Кога корисникот ќе ја посети веб-страницата , АД МЕПСО во државна соственост, Скопје и/или неговите даватели на услуги може автоматски да ги собираат неговите лични податоци, со помош на достапните електронски алатки.

КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ОБРАБОТУВААТ

   1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

   2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, истрага, корективни санкции, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштитата на личните податоци, обезбедување на повратни информации, пријавување на злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, пријавување на збирки на лични податоци со висок ризик и/ или повреда на лични податоци.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, е-пошта и потпис.

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

АД МЕПСО во државна соственост, Скопје ги обработува Вашите лични податоци собрани преку веб-страницата во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со останатите важечки прописи во Република Северна Македонија. Истите ќе се чуваат во временски период потребен за исполнување на целта заради која се собрани.

Податоците и информациите кои го идентификуваат корисникот единствено можат да бидат откриени на надлежните органи, врз основа на нивно барање или одлуки засновани на закон.

ДАВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети правни или физички лица, освен ако важечкото законодавство бара откривање на овие податоци на надлежните државни органи, врз основа на писмено барање или одлука заснована на закон. 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

АД МЕПСО во државна сопственост Скопје, превзема мерки на претпазливост со цел заштита  на личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци на субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци , или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка согласно Законот за заштита на личните податоци.

За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чуствителни податоци и информации .

Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се превземаат разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на било која информација пренесена на или од нашата веб-страница.

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност може да биде изменета и дополнета согласно законските измени и промените во начите активности во било кое време.  Измените ќе бидат објавени во текстот во Политиката за приватност на оваа веб-страница и  влегуваат во сила веднаш по нивното објавување.

На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени.

Продолжувањето на користењето на веб-страницата од страна на корисникот, по влегување на сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност. 

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ И КОНТАКТ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци објавен на веб страната на АД МЕПСО во државна сопственост Скопје.

За дополнителни прашања во врска со заштитата на личните податоци, Ве молиме да ни испратите електронска порака на адресата на офицерот за заштита на лични податоци објавен на страната на АД МЕПСО во државна сопственост Скопје.


© 2024 MEPSO. All rights reserved.
AD MEPSO