Испрати по е-пошта

ХЕРОИТЕ НА МЕПСО

ХЕРОИТЕ НА МЕПСО
Општина Дебар денеска оддаде јавно признание на членовите на интервентата далекуводна екипа на АД МЕПСО за нивната пожртвувана и високо професионална акција во која обезбедија снабдување со електрична енергија на Дебар и околните населени места. Дванаесетмината далекуводџии во 16 часовна непрекината акција , која започна околу пладне на 10 јануари и заврши во раните утрински часови на 11 јануари, работеа без прекин ден и ноќ во шумски и тешко пристапен терен по дожд и снег, на студ и ветар и успеаја да ги отстранат дефектите кои на 110 киловолтниот далекувод ТС „Вруток“ – ТС „Шпиље“ ги предизвика силното невреме кое тогаш го зафати реканскиот крај.

Благодарницата во име на граѓаните на Општина Дебар на вработените во Службата за одржување далекуводи им ја предаде градоначалникот д-р Хекуран Дука нарекувајќи ги Јане, Александар, Ванчо, Свето, Јован, Горан, Видан, Јенуз, Љупчо, Џелал, Златко, Александар „наши херои“. Во име на МЕПСО благодарницата ја прими генералниот директор Куштрим Рамадани кој истакна дека се гордее со вработените во Службата за одржување далекуводи кои покажаа исклучителна пожртвуваноста и професионалноста и за примерот и мотивацијата што тие го даваат за сите вработени во компанијата.
Честитки за колегите со кои се гордее нашиот колектив!

Објавена на: 1/29/2021 11:15:46 PM