Испрати по е-пошта

Одлука за измена на времето на започнување и завршување на доставување на понудите на дневните аукции за mFRR балансна енергија


Согласно Правилата за балансирање на ЕЕС и Правилата за набавка на mFRR балансен капацитет и mFRR балансна енергија за терциерна регулација, АД МЕПСО спроведува месечни аукции за набавка на mFRR балансен капацитет и mFRR балансна енергија како и дневни аукции за mFRR балансна енергија. АД МЕПСО го определува времето на започнување на доставување на понудите (GOTV – Gate Opening Time Voluntary) и времето на завршување на доставување на понудите (GCTV - Gate Closure Time Voluntary).

Следствено на тоа, АД МЕПСО објавува дека од 09 септември 2020 година:

• Време на започнување на доставување на понудите на дневната аукција за mFRR балансна енергија е 09:00 часот

• Време на завршување на доставување на понудите на дневната аукција за mFRR балансна енергија е 13:00 часот.

АД МЕПСО го задржува правото на дополнителни измени, согласно Правилата за балансирање на ЕЕС, доколку воочи потреба за истото.

Објавена на: 9/9/2020 10:12:59 AM