Испрати по е-пошта

Информација за јавност од АД МЕПСО

АД МЕПСО во целост ги следи и ги применува сите препораки, мерки и упатства за превенција од корона вирусот што досега ги издаде Владата. Воедно ја известуваме јавноста дека во доменот на нашата основна дејност: пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем, а согласно со мерките за превенција АД МЕПСО го организира своето работење со оптимизација на вкупните и особено на човечките ресурсите кои го опслужуваат Националниот диспечерски центар (НДЦ), далекуводните екипи и трансформаторските станици. Сите овие мерки се во функција на подготвеност за новонастаната состојба, а се со цел доверлива и стабилна работа на електроенергетскиот систем и непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија на сите потрошувачи.



Објавена на: 3/13/2020 2:07:24 PM