Испрати по е-пошта

Педесетина четвртооделенци од УО „Браќа Миладиновци“ во посета на АД МЕПСО

Голем интерес покажаа и многу прашања поставија четвртооделенците од ОУ „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром при нивната дводневна работна посета на АД МЕПСО.
 Педесетина ученички и ученици со нивните наставнички во две групи во два последователни дена го посетија Националниот диспечерски центар и им беа одржани кратки презентации прилагодени за нивната возраст за значењето, позицијата и надлежностите на АД МЕПСО во националниот електроенергетски систем. 

Учениците покажаа солидни предзнаења за значењето и користењето на електричната енергија кои ги акумулираат на темата за истражување „Човекот ја создава, трансформира и употребува енергијата на различни начини“.


ООУ „Браќа Миладиновци“ е единственото основно училиште во нашата земја кое работи по меѓународната наставна програма IB World School , Primary Years Programme (PYP)

Објавена на: 2/28/2020 10:42:10 AM