Испрати по е-пошта

Јавна покана за поднесување понуда ЈП-01/2020

Врз основа на член 19 од Статутот на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, (Сл. весник на Р.М. бр. 215/2019), а во врска со член 78, став (2) од Законот за енергетика на Република Македонија („Службен Весник на Република Македонија“ бр.96/2018), Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа одобрени со Решение на РКЕВУ бр. 12-3381/2 од 18.11.2019 година и член 23, став 1, точка 10 од Законот за јавни набавки (Сл весник бр.24/2019), АД МЕПСО објавува:

                                ЈАВНА ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЈП-01/2020

Почитувани,

Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем АД МЕПСО спроведува постапка за доделување на договор за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа за 2020 година со јавен повик за поднесување понуди со објавување оглас број. ЈП – 01/2020 согласно Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреноснaта мрежа, одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за обезбедување на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа за 2020 година, најдоцна до 11.12.2019 во 11.00 часот (по локално време) по пошта на долу наведената адреса или лично со поднесување во архивата на АД МЕПСО.

На веб-страницата на АД МЕПСО - www.mepso.mk , ќе биде објавена и документацијата за јавниот повик која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Документацијта се состои од следните делови: инструкции за понудувачите, технички спецификации, модел на договор и образец на понудата.

Понудувачите, комплетна Документација и ПАКЕТ на Документи за апликација, можат да ја подигнат во просториите на АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, Скопје, кат III, соба бр. 313 од 11:30 до 14:30 часот, или на нивно барање може да им се достави по пошта, при што треба да приложат доказ за извршена уплата во висина од 50,00 Евра на сметка:
- денарска сметка: 530010100845304 - Охридска Банка Скопје или 
210059337810365 - Тутунска Банка Скопје или 
200001086598648 - Стопанска Банка Скопје или
320000000076830 - Централна Кооперативна Банка Скопје
- девизна сметка: IBAN: MK 07530901000383053, 
SWIFT: OHRDMK22; Охридска банка Скопје,
- број на сметка: 1470100038307
со назнака на уплатата: за Јавна покана бр. ЈП-01/2020

Адреса: ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, 
Контакт лице: Спасе Павловски, тел: ++ 389 75 226 783, 
електронска пошта: spaski@mepso.mk ,

Отварањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 11.12.2019 година во 11.00 часот (по локално време) во просториите на АД МЕПСО на ул. Максим Горки бр.4 Скопје Република Северна Македонија. 




АД МЕПСО – Скопје



Објавена на: 12/2/2019 11:06:53 AM