Испрати по е-пошта

Информација за јавност за безнапонска состојба во ТС „Битола 2“

Заради дефект на елемент од високонапонска опрема во трансформаторската станица „Битола 2“ регистрирана е безнапонска состојба денеска во 14:17 часот. Од тие причини, автоматски делувала релејната заштита на трансформаторската станица и го исклучила РЕК Битола.
Екипите на МЕПСО реагирале веднаш и во 14:43 часот се создадени услови за повторно вклучување на преносната мрежа на „РЕК Битола“ најголемиот производствен капацитет на електрична енергија.
АД МЕПСО, во моментов, врши модернизација на високонапонската опрема во ТС „Битола 2“, електроенергетски јазол на кој е приклучен битолскиот рударско-енергетски комбинат, со што во иднина на минимум ќе се сведат ризиците од испади и дефекти .
Објавена на: 11/5/2019 3:52:17 PM