Испрати по е-пошта

МЕПСО набави нов енергетски трансформатор за ТС „Битола 2“

МЕПСО склучи договор за набавка на нов енергетски 400/110 kV трансформатор за ТС „Битола 2“, трафостаницата на која е приклучен РЕК „Битола“ најголемиот производител на електрична енергија во земјава. Договорот денеска го потпишаа м-р Ева Шуклева, генерална директорка на МЕПСО и Петер Новак, претставник на словенечкиот производител „Колектор ЕТРА“. 

Новиот трансформатор, ќе го замени постоечкиот што е во функција од 1980 година и значајно ќе ја зголеми сигурноста и доверливоста во работата на електроенергетскиот систем во пелагонискиот регион.

Со новата инвестиција МЕПСО ќе ги намали загубите на електрична енергија, а ќе се скратат и трошоците за одржување и за испитување. Вредноста на новата инвестиција на МЕПСО е 2,4 милиони евра, а енергетскиот трансформатор ќе биде испорачан во рок од 12 месеци.

Објавена на: 10/10/2019 12:44:30 PM