Испрати по е-пошта

Ева Шуклева се обрати на меѓународниот самит за Западен Балкан во организација на „Економист“


Климата за нови домашни и странски инвестиции во нашата земја е значително подобрена и МЕПСО преку посветеност за инвестирање во преносната мрежа ја подобрува стабилноста и доверливоста на системот, обезбедува навремено и непрекинато снабдување со електрична енергија што на крајот резултира со стимул за економски раст, потенцираше м-р Ева Шуклева, генерална директорка на МЕПСО на панел дискусијата на „Балканот како бизнис хаб“, во рамки на меѓународниот самит за во организација на реномираниот интернационален бизнис магазин „Економист“. 
Излагањето на Шуклева беше во рамки на последната дискусија на Самитот за Западен Балкан што го организираше угледниот магазин Економист, во кој учесниците од бизнис секторот и од меѓународните финансиски институции се обидоа да дадат насоки во кои нашиот регион може да стане бизнис хаб. Всушност сите се согласија дека е тоа возможно доколку се спроведат клучните реформи и со тоа се надминат најголемите проблеми што се всушност заеднички за сите држави на Западен Балкан.

Генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева, истакна дека стабилноста, растот и просперитетот зависат од инвестициите како и од моќта на политичките лидери доследно да ги почитуваат и спроведуваат европските директиви и начела за да може да станеме членка на ЕУ.
-Во тој контекст зборувам за МЕМО операторот на пазарот на електрична енергија, за инвестициите вредни 150 милиони евра на кои забрзано работиме вклучувајки ја тука и интерконекцијата со Албанија, за предизвикот пред кои стоиме – засилена интеграција на обновливите извори на енергиј , но и за нагорниот тренд на барања од страна на нови корисници да се приклучат на преносната мрежа. Ми претставува задоволство да соопштам дека МЕМО – Национален оператор на пазар на електрична енергија е реалност и од денес ќе продолжи да го организира и управувава пазарот на електрична енергија во согласност со лиценцата добиена од страна на Регулаторната комисија за енергетика“, истакна Шуклева и додаде дека планот за развој на компанијата предвидува инвестиции од 150 милиони евра во следните 10 години.
На панелот се обратија и Даниела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори, Атанасиос Савакис, претседателот на федерацијата на индустрии во Грција, Марко Мантованели, претставникот на Светска банка за Македонија и за Косово иШтефан Петер претседател на Управниот одбор на ЕВН.
Повеќе на темата на следниот линк од извештајот на економскиот неделник „Капитал“ https://kapital.mk/samit-za-zapaden-balkan-na-ekonomist-balkanot-kako-biznis-hab/
Објавена на: 10/1/2019 7:00:00 PM