Испрати по е-пошта

ФЕИТ додели плакета на МЕПСО за континуирана поддршка и соработка

АД МЕПСО е добитник на плакета за успешна соработка и придонес во развојот на електротехниката и информациските технологии. Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) на нашата компанија и го додели ова значајно признание во рамки на 60 годишниот јубилеј на ФЕИТ кој се одбележа со одржување на свечен наставно-научен совет.


АД МЕПСО континуирано инвестира, го поттикнува и поддржува развојот на младите инженери бидејки тие се иднината и на нашата компанија и на државата.За една ипол година во компанијата се вработени 27 електроинженери и информатичари и уште 20 техничари од електро и машинската струка. Во декември 2018 год. МЕПСО вработи 6 млади дипломирани инженери стипендисти на ЕСМ, ЕВН и МЕПСО. Пред неколку дена заврши аплицирањето на конкурсот за стипендии за студентите од електроенергетските студиски програми кои се запишани за првпат во учебнта 2018/2019 година. Тоа е седми по ред конкурс за стипендии кои МЕПСО заедно со ЕСМ и ЕВН ги доделува на студенти од електроенергетските насоки.

Во рамки на меѓусебната соработка МЕПСО доделува донации на ФЕИТ, а особено се издвојува поддршката за осњовањето на технолошко - креативниот центар на ФЕИТ кој беше пуштен во работа пред две години. Плакетата беше доделена на одбележувањето на шест децении постоење трите технички факултети Машинскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии ги прославија под мотото “ Создаваме иднина“.
Објавена на: 6/20/2019 5:48:41 PM