Испрати по е-пошта

Реакција на Надзорен одбро на МЕПСО

Почитувани,

Во врска со вчерашната емисија на телевизија Телма, “Топ тема на Ваша страна„, во која на жешко столче гостуваше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, сметаме дека е неопходно како Надзорен одбор на АД МЕПСО, да дадеме појаснување на темата, за да јавноста не добие погрешен впечаток за составот, компетентноста и неговото вкупно работење. Едновремено доколу е создаден таков впечаток ја прикажуваме објективната слика за Одборот.

Составот на надзорниот одбор на АД МЕПСО е транспарентно истакнат на web страната на на следиот линк http://www.mepso.com.mk/Details.aspx?categoryID=8, како и кратките биографии на членовите.
За компетентноста/некомпетентноста на членовите, професионалци со долгогодишно искуство и постигнувања во областите во кои делуваат, коректно е да се цени согласно биографиите:

-М-р Ева Шуклева, Претседателка на Надзорниот одбор, магистар по електротехнички науки, и докторант на ФЕИТ, со работно искуство од 22 години, од кои 21 година во енергетските компании: ЕСМ, МЕПСО и моментално Електродистрибуција ДООЕЛ. Раководител на група за проектен менаџмент, „Електродистрибуција“ ДООЕЛ, раководи со група за големи инвестициони проекти, при што планирањето, буџетирањето и финансиското водење на проектите и претставува секојдневна работа. Потпретседател е на Националниот комитет на CIGRE во Република Северна Македонија, најголемата светска организација за големи електрични системи, веќе 22 години, волонтерска работа. Одлично зборува Англиски јазик.

-Д-р Николче Ацески,член, доктор по технички науки, редовен професор на Технички факултет, Битола, 22 години работно искуство. Помошник секретар (раководител на сектор за високо образование) во Министерство за образование и наука, во период 2003-2006 година, пратеник во Собранието на РМ во период 2011-2014 година. Претседател е на еден од студиските комитети на Националниот комитет CIGRE. Одлично зборува Англиски јазик. Автор на повеќе од 90 научни труда во меѓународни списанија и конференции.

- Д-р Снежана Чундева, член, доктор по технички науки, редовен професор на ФЕИТ, 24 години работно искуство. Раководела и учествувала во бројни меѓународни проекти финансирани од пакт за стабилност на Југоситочна Европа, ТЕМПУС, УНИДО, СП6 итн. Одлично познавање на Англиски јазик а говори и Француски јазик. Претседател е на еден од Студиските комитети на Националниот комитет CIGRE. Регионален претставник на IЕЕE Power and Energy Society за Јужна Европа. Автор на повеќе од 100 научни труда во меѓународни списанија и конференции.

-Д-р Даме Коруноски, член, редовен професор на Машински факултет, Скопје, 31 година работно искуство, во областа на машинството, а пособно во областа на динамика на машините, моделирање на механичи механотронички системи, при што директно соработува со производствените капацитети во Република Северна Македонија. Одлично познавање на Англиски јазик. Автор на повеќе од 100 научни труда во меѓународни списанија и конференции.


-Назиф Буши, член, дипломирал социјална политика, помошник директор за организација и развој во АД Аеродроми на Република Северна Македонија, Скопје, 28 години работно искуство и тоа: директор на државен инспекторат за труд; заменик генерален директор и ВД извршен директор на МРТВ; пратеник во Собрание на РМ 2009-2011 год.; Претседател на Управен одбор и генерален директор на АД Аеродроми Македонија од 2011-2017 год. Одлично познавање на Англиски, Македонски и Албански јазик.

-Мусли Муслиу, член, дипломиран професор по хемија во пензија. Работел како професор по хемија во средното училиште “Мирко Милески“ во Кичево. Градоначалник на општина Зајас 2010-2013 год. мајчин јазик Албански, одлично говори Македонски јазик.

-Дарко Тасев, член дипл. машински инж., 23 години работно искуство. Моментално вработен во Империал Тобако ТКС, Скопје, како координатор за одржување. Работата во приватна Англиска компанија, многу допринела за неговот професионално гледање на инвестициите и домаќинско работење. Работел и во МЗТ пумпи и МВМ компани вклучен во производствените процеси.


Во врска индициите за непотизам во АД МЕПСО, за кои сме повикани од страна на ДКСК и од јавноста, Надзорниот Одбор по приемот на официјалниот дописи од Антикорупциска комисија, и во согласност со своите одговорности и ингеренции ќе ја провери целата постака и ќе се произнесе.

Поздрав,

Во име на Надзорен одбор на АД МЕПСО

Ева Шуклева




Објавена на: 5/9/2019 3:42:28 PM