Испрати по е-пошта

МЕПСО учествуваше на студентскиот саем „Контакт“

МЕПСО даде поддршка и со свој штанд се претстави на традиционалниот саем за вработување и кариера „Контакт“ што го организираат студентски организации на техничките факултети ФЕИТ, ФИНКИ и Машински факултет. Саемот траеше 3 работни дена и се одржа во фоајето на ФЕИТ и МФ, а имаше повеќе од 20 штандови на компании. Студентите генерално покажаа висок интерес за понудата, а на штандот на МЕПСО најчесто се интересираа за аплицирање за посетување пракса во компанијата.

„Контакт“ како што кажува неговото име е замислен за директен контакт на заинтересирани студенти со компани во кои можат да реализираат практична настава или да најдат можност за вработување.
 
Менаџментот на МЕПСО во рамки на својата деловна политика кон крајот на минатата година воведе новина и за прва пат вработи шестмина млади дипломирани инженери кои беа стидендисти на ЕЛЕМ, ЕВН и на МЕПСО.


Објавена на: 3/14/2019 9:13:00 AM