Испрати по е-пошта

Работна средба на менаџерските тимови на МЕПСО и КОСТТ

Споделување на искуствата од преговорите за имплементација на SAFA процесот и предизвиците за развој на пазарите на електрична енергија и регионалниот аспект беа главните теми на работната средба што ја одржаа менаџерските тимови на електропреносните систем оператори МЕПСО и КОССТ. На средбата од страна на МЕПСО присуствуваа г-дин Сашо Василевски, генерален директор, г-дин Билен Саљији, заменик генерален директор и г-дин Борко Алексоски, директор на Операторот на електропреносниот систем (ОЕПС). Од страна на КОСТТ беа г-дин Илир Шала извршен директор, г-дин Кадри Кадриу заменик извршен директор, г-дин Сабри Мусиќи, директор за системски операции, г-дин Скендер Ѓонбалај, директор за пазарни операции и г-ѓа Феленеза Џелили – Фики, директор за тарифи и регулатива.

На средбата беа разменети искуства за имплементација на процеси и проекти од агендите кои имаат крајна цел да овозможат прилагодување на систем операторите за остварување на крајната цел: пан-европски интегриран пазар на електрична енергија . 
Објавена на: 2/27/2019 1:26:00 PM