Испрати по е-пошта

Оглас за доделување стипендии на студенти на Технички Факултет „Св.Климент Охридски“ Битола

Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје, ул.Максим Горки бр.4, Скопје постапувајќи по Одлуката на Управниот одбор на Друштвото УО бр.02-5292/4 од 21.08.2018 година, во согласност со Меморандумот за соработка бр.02-5733 од 14.09.2018 година, на ден 09.10.2018 година распишува:
                                                                           О Г Л А С
за доделување стипендии за студенти на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Битола

Операторот на електропреносниот систем на Македонија Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје (скратен назив: АД МЕПСО Скопје) распишува оглас за доделување на 3 (три) стипендии за стипендирање на тројца најдобрите студенти со просек од 8,00 па нагоре, кои запишале I-ва студиска година на Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола (Електротехнички отсек), во студиската 2017/2018 година, и тоа во износ од две полугодишни исплати од по 30.000,00 денари, за секој стипендиран студент. 

Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите кои ќе се пријават на овој оглас се следните:

1. Да е запишан по прв пат во I-ва студиска година на Техничкиот факултет во Битола, при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола, во студиската 2017/2018 година;

2. Да има просечна оцена од досега положените испити од 8,00 па нагоре;

Секој кандидат своерачно потполнува и потпишува пријава во која треба да бидат содржани неговите генералии: име, презиме, адреса на живеење и контакт телефон. 

Заедно со пријавата за докажување дека ги исполнува условите од огласот секој кандидат треба да достави и:

- Копија од документ за лична идентификација,
- CV мотивациско писмо;
- Уверение за положени испити во кое ќе се утврди просек од 8,00 па нагоре издадено од Технички факултет Битола - Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола;
- Потврда издадена од Технички факултет Битола дека кандидатот е запишан во II-ра студиска година како редовен студент на Електротехнички отсек на Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, во студиската 2018/2019 година;
- Своерачно потпишана Изјава дека се откажува од друга стипендија доколку добие стипендија од МЕПСО;

Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од сметано од денот на објавувањето на огласот.

Кандидатите горенаведената документација можат да ја достават во архивата на МЕПСО или да ја испратат со препорачана поштенска пратка на адреса:

АД МЕПСО Скопје
Ул.„Максим Горки“ бр.4, 1000 Скопје, Р.Македонија

Објавена на: 10/9/2018 8:15:00 AM