Испрати по е-пошта

Оглас за вработување во МЕПСО

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (пречистен текст Објавен во службен весник на РМ број 167/2015 и измена и дополнување на ЗРО број 27/2016 ), член 5, 6, 7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, (арх. бр. 02-6432 од 31.10.2013 година), и Одлуката број 02-301 од 17.01.2018 година за потреба од засновање на работен однос, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, објавува

                                                                        Ј А В Е Н О Г Л А С

За потреба од засновање на работен однос со 9 (девет ) работника за извршување на работи на неопределено време, во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.
Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следните работни места:
- 1 (еден) извршител на работното место шеф на Кабинет на Генерален директор со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС - VIА/240 ектц , со две години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 45.300,00 денари,
- 2 (два ) извршители на работното место советник во Кабинет на Генерален директор со Висока стручна подготовка – ВСС – VII/1 степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС - VIА/240 ектц , со две години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 45.300,00 денари,
- 1 (еден) извршител на работното место преведувач во Кабинет на Генерален директор со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен Филозовски /филолошки факултет (англиски и германски јазик) или по национална рамка за ВОК/ЕКТС - VIА/240 ектц , со три години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 41.900,00 денари,
- 1 (еден) извршител на работното место советник во Кабинет на директор за финансиски работи со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен Економски факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС - VIА/240 ектц , со три години работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 45.300,00 денари,
- 1 (еден) извршител на работното место координатор во Кабинет на директор на Сектор за ИТТК, со Висока стручна подготовка – ВСС – VII степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VI/180-240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 35.100,00 денари,
- 1 (еден) извршител на работното место одговорен инженер за развој на пазарот на електрична енергија во служба за развој на пазарот на електрична енергија во Оддел за развој и истражување на пазарот на електрична енергија, Подружница ОПЕЕ, со Висока стручна подготовка – ВСС – VII/1 степен Електротехнички факултет – енергетска насока или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VIА/ VII /240-300 ектц , со 2 години работно искуство во областа на електроенергетиката , за кое работно место нето платата изнесува 40.800,00 денари,
- 1 (еден) извршител на работното место копирант во архива во служба за општи работи Oддел за општи работи во Сектор за правни и општи работи со средна стручна подготовка – ССС – IVстепен , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 24.900,00 денари,
- 1 (еден) извршител на работното место самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање, Оддел за управување со ЕЕС , во Подружница ОЕПС со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен Електротехнички факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС - VIА/240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 38.500,00 денари.


Со пријавата, во која се наведува за кое работно место се аплицира, кандидатите треба да достават:
- Кратка биографија (CV ) и писмо за мотивација
- Доказ за завршено образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)
- Уверение за државјанство (копија )
- Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган, со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично ( во оргинал или копија заверена кај нотар) и
- Контакт телефон

Огласот трае 5 пет работни дена од денот на објавувањето ( не сметајќи го денот на објавувањето). 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати .
Работниот однос се заснова на неопределено време.
Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно , со 8 работни часа дневно , почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7,45 часот до 08,15 а заминување од работа од 15,45 часот до 16,15 часот , со право на пауза во текот на дневната работа во траење од 30 минути , во периодот од 10,00 часот до 12,00 часот.
Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) работни дена ,сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). 
Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.
За извршениот избор пријавените кандидатите ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.

Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол, раса, возраст, политичко мислење, брачен статус, религија, етничка или национална припадност.

Потребните документи да се достават на адресата на АД МЕПСО Скопје, ул.”Максим Горки” бр.4 Скопје.

Генерален директор,
Сашо Василевски
___________________
Објавена на: 1/22/2018 8:03:19 AM